Атлетико Мадрид го купува најдобриот стрелец на Ла Лига

Артeм Довбик е сè поблиску до трансфер во Атлетико Мадрид. Напаѓачот на Жирона е трансферна цел број еден на клубот, и според сè, желбата на Диего Симеоне ќе биде исполнета.

Довбик има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра и Жирона не планира да го продаде за помалку од оваа сума. Сепак, каталонскиот клуб се согласил на опција каде што веднаш би добил 35 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра во форма на бонуси.

Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид и чека двата клуба да ги финализираат преговорите за комплетирање на трансферот.

Во минатата сезона, 27-годишниот Довбик стана најдобар стрелец во Ла Лига. Украинецот постигна 24 гола, а исто така забележа и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести