Манчестер јунајтед би урнал светски рекорд за да го доведе Винисиус на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус жуниор, објавува „Дефенса сентрал“. И не само тоа, туку Црвените ѓаволи се подготвени да постават нов светски рекорд кога се трансферите во прашање за да го доведат Бразилецот на „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед е подготвен да плати неверојатни 230 милиони евра за 24-годишниот Бразилец. На играчот би му понудиле петгодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно.

Актуелниот трансфер-рекорд го држи Пари Сен Жермен, кој ѝ плати 222 милиони евра на Барселона за да го купи Бразилецот Нејмар во 2017 година.

Сепак, се забележува дека фудбалерот не е заинтересиран да го напушти Реал Мадрид.

Винисиус жуниор игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во минатата сезона напаѓачот одигра 39 натпревари, постигна 24 гола и забележа 11 асистенции за актуелниот европски и шпански првак.

- Оглас -

Најнови вести