Победникот на Тур Д’Франс не оди на ЛОИ во Париз поради неправдата кон неговата вереница од сојузот

Тадеј Погачар на доминантен начин стана шампион на најпрестижната велосипедска трка Тур Д’Франс, но потоа ги изненади сите откако соопшти дека не планира да настапи на ЛОИ во Париз.

Официјалната причина е дека Погачар е преморен по настапот на Тур Д’Франс, но според познавачи на велосипедизмот, причината е сосема друга. Неговата вереница Уршка Жигарт оваа година стана државна шампионка во хронометар и улична трка, па логично ќе беше да добие покана за настап на Игрите во Париз.

Сепак, од словенечкиот сојуз решија на ЛОИ да ги пратат Еугенија Бујак и Урша Пинтар. Во објаснувањето од Сојузот велат дека Бујак и Пинтар се подобро подготвени за трката на Олимписките игри и Словенија со нив ќе има поголеми шанси за успех.

 

- Оглас -

Најнови вести