Германскиот олимписки комитет одлучи на отворањето на Олимписките игри во Париз, знамето да го носат двјаца спортисти. Кошаркарот Денис Шредер и џудистката Ана-Марија Вагнер ќе ја имаат привилигијата да го носат знамето на Германија на почетокот на Игрите во Париз.
Кошаркарот Шредер влегува во историјата на германскиот спорт затоа што тој ќе биде првиот црномурест спортист кој ќе го вее знамето на оваа земја на наголемиот светски собир. Во гласањето кое беше организирано, Шредер доби најмногу гласови, оставајќи го зад себе тенисерот Александер Зверев кој беше втор според добиените гласови.
Кај дамите, во гласањето Вагнер ја победи второпласираната, фудбалерката Александра Поп.