Клемен Ленгле во 2018-тата година направи трансфер од Севиља во Барселона за 35 милиони евра. Одигра 160 натпревари за „каталонците“, но се чини дека не ја искористи доволно шансата која му беше дадена, па раководството на клубот по секоја цена сака да се ослободи од него.
Претходните две сезони беше пуштан на позајмици во Тотенхем и Астон вила, а со Барселона има договор до 2026-тата година со плата од 12 милиони евра годишно. Тоа е товар за буџетот на „каталонците“, па Лапорта по секоја цена сака да се ослободи од него.
Сепак, понуди стигнуваат само од Саудиска Арабија, а дефанзивецот не сака ниту да слушне да игра на Блискиот Исток. Сега конечно се појави клуб кој сака да го ангажира на позајмица за следната сезона и да покрие голем дел од неговата плата. Се работи за Бешикташ, па сега се очекува само согласност од фудбалерот за трансфер во Турција.