Аргентинците бесни: Ќе каже ли некој зошто мечот беше прекинат!?

Аргентинската фудбалска репрезентација со пораз го почна натпреварувањето на олимпискиот турнир, откако со 1:2 загуби од Мароко. Дуелот го одбележа скандалозниот финиш.

Првично беше покажан регуларен гол за 2:2 и тоа постигнат во 90+16 минута, за потоа, по неколку часа, ситуацијата се промени. Главниот арбитар реши дуелот да биде прекинат поради упадот на фановите на Мароко на теренот.

 

Аргентинците веруваа дека се спасиле од пораз, но главниот арбитар всушност не отсвирил крај, туку прекин на мечот за да се тргнат фановите на Мароко од теренот.

Левиот крилен играч на Лион, Николас Талјафико, кој има и 63 настапи за Аргентина,  беше збунет од целата ситуација.

„Циркузот е готов. Ќе зборуваме ли за тоа, зошто е мечот прекинат или ќе продолжиме да се правиме глупави? Можам да замислам што ќе беше ако ситуацијата беше поинаква“, реагираше Николас Талјафико.

- Оглас -

Најнови вести