Драгиша Гудељ кој е брат на многу попознатиот Немања Гудељ, реши да ја заврши кариерата. Шпанскиот тим Кордоба беше последниот негов клуб, но и место каде преживеа два срцеви напади.
Прв пат срцев напад имаше пред крајот на 2022 година кога падна на тревата за време на дуелот меѓу Кордоба и Расинг Ферола. Тогаш лекарите брзо реагираа и Гудељ беше спасен и пренесен во болница. Лекарите тогаш открија дека шансите на Гудељ да се спасел биле само 30 отсто, но успеа да се избори.
Се опорави и продолжи да игра фудбал, за да лани повторно има ист проблем. На дуелот меѓу Кордоба и Мелилја повторно му се слоши, но за среќа, повторно се спаси.
Гудељ кој има само 26 години, во кариерата играше и за Јонг Ајакс, Волен, Викторија Гимараеш Б и Кадис Б. Негова стандардна позиција беше централен дефанзивец.