Трабзонспор, тимот на капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, направи голем чекор кон пласман во третото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Трабзонспор со 0-2 триумфираше на гости кај Ружомберок во првиот меч од втората квалификациска рунда.
Барди одигра 82 минути, а головите за турскиот клуб ги постигнаа Трезеге во првото и Чанак во второто полувреме.