Хулијан Алварес со само 24 години успеа да освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот. Со Ривер плата дојде до трофеите од првенството, Купот и Супер купот на Аргентина, но ги освои и Копа Либертадорес и Супер купот на Јужна Америка. Со Аргентина стана светски шампион, а ги освои и Копа Америка и Финалисима. Во Манчестер сити ги освои Премиер лигата и ФА купот, но и Лигата на шампионите, европскиот Супер куп и Светското клупско првенство.
Веќе има 14 трофеи на 24-годишна возраст и важи за еден од најтрофејните млади фудбалери. Сепак, во Манчестер сити нема голема минутажа, но и тоа е очекувано кога за минутите на теренот конкурент му е Ерлинг Халанд. Токму тоа е причината за последниот потег на фудбалерот, кој од Пеп Гвардиола побарал да биде продаден. И до тука нема ништо спорно, но навивачите на „гражаните“ му се налутија, бидејќи во барањето навел дека сака да се пресели во потоплите краишта, бидејќи на него и на неговата девојка им било ладно во Англија.
Алварес во моментов вреди 90 милиони евра, а Манчестер сити би го продал доколку за него дојде понуда од барем 80 милиони евра.