Шпанија првиот меч како нов европски првак ќе го игра во Белград

Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека натпреварот од Лигата на нации помеѓу селекциите на Србија и Шпанија ќе се игра на 5-ти септември на најголемиот стадион во земјата, „Рајко Митиќ“ во Белград.

Шпанците се актуелен европски првак, гостувањето во Белград ќе им биде прв официјален меч по освојувањето на ЕВРО 2024 во Германија, па интересот за средбата е многу голем, затоа и продажбата на билетите ќе почне рано, веќе в понеделник на 29-ти јули.

 

- Оглас -

Најнови вести