Винисиус јуниор се посрамоти на футсал меч во Бразил, тинејџер со дриблинг го прати на подот (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата и меѓу главните кандидати за освојување на Златната топка за 2024 година, Винисиус јуниор беше „матиран“ на еден футсал меч одигран во Бразил.

Винисиус реши да се приклучи на футсал дуел меѓу аматери во Рио де Жанеиро и беше немоќен да сопре еден анонимен тинејџер, кој со дриблинг буквално го исфрли голгетерот на Реал Мадрид од игра и го прати на подот.

Откако стана од подот, Винисиус со насмевка го прифати дриблингот на противникот и му даде рака, поздравувајќи го неговиот потег. Бразилецот чија вредност се проценува на 180 милиони евра, во сезоната која што измина, одигра 39 меча за Реал Мадрид и имаше скор од 24 голови и 11 асистенции, а ги освои трофеите во Лигата на шампиони и шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести