Италијанскиот скокач во височина Џанмарко Тамбери го загуби венчалниот прстен додека траеше церемонијата на отворањето на ЛОИ во Париз. Прстенот кој бил на неговата рака кога во еден момент му се слизнал и паднал во водите на реката Сена.
Кога Тамбери приметил дека му ја нема бурмата, го фатило паника. Дел од останатите италијански спортисти го тешеле велејќи му со тоа што изгубил едно парче злато, ќе добие друго, алудирајќи на олимписко злато.
Некои од спортистите го задевале несреќниот Тамбери велејќи му дека дури сега ќе има проблеми со жената и како таа ќе реагира.
Тамбери знамето на Италија го носеше заедно со мечувалката Аријана Ериго. Тие поставија и неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи. За среќа, незгодата на Тамбери ја има снимено некој од неговите колеги, па жена му полесно ќе сфати што се случило со прстенот.
Пред три години на Игрите во Токио Тамбери го освои златниот медал, а секако и сега е голем фаворит за освојување на медал.
https://twitter.com/i/status/1816939410354819531