Брера го обнови договорот со тренерот Круљ и доведе нов дефанзивец

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера ќе го задржи шефот на стручниот штаб Бојан Круљ до крајот на следната сезона. Тој потпиша договор до јуни 2026, а струмичани се уверени дека тимот под негово раководство може да направи голем исчекор.

„Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата, а ако ни се даде можност за излез во Европа тоа да го искористиме. Наша цел е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови и дома и на гости“, истакна Круљ.

Бојан Круљ има 35 години и претходно има работено во Вождовац, Синѓелиќ, ИМТ, Рудар Приједор.

Тој дојде во Брера на почетокот на 2024 и успеа резултатски да го стабилизира тимот, обезбедувајќи опстанок во Првата лига, а во новата сезона амбициите на клубот се многу поголеми.

Брера денеска го претстави и своето ново засилување, Дарко Лазиќ, дефанзивец кој во кариерата има играно и за Црвена Звезда и за Борац Бања Лука.

- Оглас -

Најнови вести