Контроверзната церемонија на отворање на ЛОИ Париз 2024 „исчезна“ од Јутјуб каналот

Негативните коментари од верниците, повиците за бојкот, и слично, можеби се причината што од официјалниот Јутјуб канал на ЛОИ Париз 2024, е тргнато видеото со свеченото отворање на Игрите.

Најмногу негативни реакции имаше за сцената која многумина ги потсети на познатата слика на Леонардо да Винчи, „Тајната вечера“, во која се прикажани Исус Христос и неговите апостоли, но во геј верзија. Во Париз, перформансот наликуваше на тоа што последните години се случува на музичкиот настан Евровизија, каде предничеа жени со бради и мажи облечени како жени.

Некои од теориите кои кружат на социјалните мрежи се дека „целата церемонија била демонизирана“, други велат дека авторските права создале проблем, но како и да е, нема видео на официјалниот канал на ЛОИ, туку само на каналот на телевизијата „Евроспорт“.

- Оглас -

Најнови вести