Само бод за Црвена ѕвезда против Младост, а Партизан го „уби“ Јединство Уб

Црвена ѕвезда со голови 85-та и 91-ва минута се спасуваше од пораз дома против Младост Лучани, но и конечните 2-2 се огромно изненадување и непланиран кикс на српскиот првак кој беше голем фаворит.

Младост водеше со 2-0 по првото полувреме, два гола предност имаше до 85-та минута, а тогаш Дуарте и Ндиаје спречија уште поголем дебакл за Ѕвезда, па белградските Црвено-бели освоија барем бод. Гостите од 68-ма минута имаа и човек помалку на терен, па за нив и бодот е прифатлив.

Киксот на Ѕвезда го искористи ривалот Партизан кој како гостин со лесни 4-0 славеше против новиот суперлигаш Јединство Уб.

- Оглас -

Најнови вести