Данска неочекувано убедливо ја победи домашната Франција со 37-29 во големото ракометно дерби на првиот ден на машкиот олимписки турнир во Париз.
Данска и Франција играа во олимписките финалиња на последните две ЛОИ, по еднаш победија двата тима, па ова може да биде дуел и за ново финале во кое Микел Хансен ќе се прости од активното играње ракомет.
Вечерва Хансен со 6 гола беше еден од лидерите на својот тим, заедно со неверојатните Гидсел и Питлик кои постигнаа дури по 11 голови.