Канада беше подобра од Грција со 86-79 во најинтересниот денешен кошаркарски меч на олимпискиот турнир.
По првото коло во групата А, Австралија и Канада имаат по една победа, а Грција и Шпанија по еден пораз. Утре попладне се игра мега дербито помеѓу Србија и САД.
Од 79-те поени на нашиот јужен сосед, 34 постигна Јанис Адетокумбо, а 17 уфрли Костас Папаниколау.
Кај Канада се истакнаа РЏ Берет со 23, Шај Гилџиус-Александр со 21 и Дилон Брукс со 14 поени.