Првиот ред во Сочи, резервиран за Мерцедесите

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, ќе тргна од пол-позицијата на утрешната трка за големата награда на Русија, која се вози во олимпискиот град Сочи. Валтери Ботас по втор пат сезонава ја освои пол-позицијата, шести пат во Ф1, а патеката во Сочи му е омилена, бидејќи таму ја оствари првата победа во кариерата.

Втор ќе стартува клупскиот колега на Ботас, водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон, а во вториот ред ќе бидат двајцата пилоти на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Италијанскиот тим не покажа на денешните квалификации дека има капацитет да го надмине Мерцедес, но им останува надежта дека среќата ќе им биде наклонета на самата трка, бидејќи на неколку трки тие доминираа во квалификациите, а киксираа на трката.

Третиот ред ќе го сочинуваат Кевин Магнусен од Хаас и Естебан Окон од Форс Индија.

- Оглас -

Најнови вести