Шпанскиот пливач Хуго Гонзалес кој ги мина квалификациите и се пласираше во полуфиналето на 100 метри грбно, се пожали дека длабочината на базенот во „Ла Дефенс арената“ во Нантер не е според стандардите.
„Денеска базенот не е во согласност со правилата на Светските водни спортови. Длабочината треба да биде два и пол метри, тука е помеѓу 2.10 и 2.20. Забележливо е дека базенот е побавен, но бавно е за сите, сите имаме еднакви услови“, изјави еден од шпанските кандидати за олимписки медал во пливање.
Засега нема светски рекорд во пливање, но паднаа два олимписки. Познавачите велат дека колку е поголема длабочината, толку подобро циркулира водата и толку побрзо телата се лизгаат, затоа и Хуго за „плиткиот“ базен вели дека е бавен.