Француската пливачка суперѕвезда Леон Маршан ја оправда улогата на апсолутен фаворит и го освои златниот медал на трката на 400 метри мешано, на ЛОИ во Париз. Освен што го освои златото, Маршан го сруши и олимпискиот рекорд на Мајкл Фелпс во оваа дисциплина.
Маршан на крајот стигна со време од 4:02.95 минути и за 89 стотинки го надмина 16 години стариот олимписки рекорд на Фелпс. Второпласиран во оваа трка беше 18-годишниот Јапонец Томоуки Мацушита кој имаше време од 4:08.62 минути, а трет беше Американецот Карсон Фостер со време од 4:08.66 минути.
На трката на 100 метри пеперутка во женска конкуренција доминираа Американките, а на крајот Тори Хуск се радуваше на златото, со четири стотинки подобро време од светската рекордерка Гречен Волш. Бронзата ја освои Јуфеи Жанг од Кина.
Во финалето на 100 метри грбно беше многу драматично, а на крајот олимписки првак е Николо Мартинеги од Италија кој имаше време од 59.03 секунди. Со само две стотинки заостанување беа Британецот Адам Пети и Американецот Ник Финк.