Репреземтацијата на Шпанија за играчи до 19 години го освоија златото на европското првенство. Во финалето, Шпанија со 2:0 ја победи Германија. Икер Браво со гол во 41 минута го најави триумфот на Црвената фурија, а Асане Диао со погодокот во 69 минута само потврди кој тим е подобар и ќе стигне до златниот трофеј.
Шпанија доминира на фудбалски план во последно време и може да се пофали дека е актуелен светски првак во женска конкуренција, потоа европски првак во машка конкуренција и освојувач на Лигата на нации во двете конкуренции.
Дека оваа земја има и одлична фудбалска иднина со златни трофеи се потрудија да покажат и со златните трофеи во У20 и У17 на Светските првенства во женска конкуренција, како и златата во У19 и У17 на ЕП кај жените. И кај момците има многу потенцијал а тоа го потврдија со победата над Германија со 2:0 во финалето на ЕП за играчи до 19 години.