Си посакаа олимписко финале, селфи на Ѓоковиќ со судиите Николов и Начевски!

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, го начекаа славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, и ја искористија шансата за едно селфи со него.

„Со легендата, еден и единствен Ноле“, напиша Начевски на својот Фејсбук профил.

Судиите и тенисерот веројатно си посакаа успех и финалиња. Начевски и Николов се кандидати да го судат мечот за злато, а тие веќе имаат судено едно олимписко финале. За разлика од нив, Ѓоковиќ кој е најуспешен тенисер во историјата, никогаш нема стигнато до финале на ОИ, и се надева дека во Париз конечно ќе успее.

Денеска од 11 часот, Николов и Начевски ќе делат правда на соседското дерби Словенија – Хрватска, додека Ѓоковиќ во раните попладневни часови ќе игра против стариот ривал Рафаел Надал во натпревар кој ќе се следи во цел свет со голем интерес.

- Оглас -

Најнови вести