Грузискиот голман Ѓорѓи Мамардашвили денеска се враќа на работа со Валенсија, но не знае дали ќе остане кај Лилјаците.
Клубот од „Месталја“ се осигура со потписот на Столе Димитриевски, па и да замине Мамардашвили, ќе имаат голман од доверба. Но, од денеска двајцата голмани ќе се сретнат во иста соблекувална за да конкурираат за една позиција, ситуација која може да биде привремена или трајна по затворањето на пазарот.
Мамардашвили беше одличен на ЕП, но Валенсија не доби понуди какви што очекуваше, па не е исклучено да остане.
Македонскиот голман во својот договор со Валенсија вклучи клаузула од 3 милиони евра со важност до затворањето на овој трансфер пазар, во случај Валенсија да не го продаде Мамардашвили, па Столе може и да замине во друг клуб.
Мамардашвили ни потврди, ни негираше дека ќе продолжи во Валенсија.
„Јас би сакал да останам, но не знам дали ќе останам“, рече Мамардашвили.
За време на отсуството на Мамардашвили кој беше на одмор, Димитриевски ги одигра трите претсезонски пријателски натпревари. Во саботата на натпреварот против ПСВ прими два гола во првото полувреме, но во второто имаше три одбрани кои спречија уште полош резултат за Валенсија.