Американската женска тениска екипа го напушти олимпиското село: „Ова е катастрофа!“ (Видео)

Победничката на УС опен од минатата година, Коко Гоф, на социјалните мрежи сподели видео од условите во олимпиското село во Париз. Таа вели дека два тоалета треба да го делат дури 10 девојки, а условите се катастрофални. Дури пет тенисерки од женската екипа на САД одлучија да го напуштат олимпиското село, вклучувајќи ја и Коко Гоф, и да си побараат приватно сместување.

@cocogauff

#olympics #olympicvillage

♬ female rage – bel6va

Големи се поплаките од спортистите за условите и за храната во олимпиското село во Париз. Дел од нив сами си набавуваа душеци, а голем проблем е и топлината, бидејќи во собите нема клима уреди. 60% од храната е веганска, па веќе се јави недостиг на јајца и месо во рестораните во олимпиското село.

- Оглас -

Најнови вести