Сцена од натпреварите во мечување на Олимпијадата во Париз стана вирална, откако бразилката Мариана Пистоја беше елиминирана уште во првото коло, па доживеа нервен слом и легна на подот. Веднаш притрчаа нејзниот тренер и други членови од нејзината екипа да ѝ помогнат.
Еден од луѓето задолжени за организација на натпреварите пријде со столче и го понуди за бразилката да седне, а тренерот мислеше дека столчето е за него па си седна. Сепак, му текна што направи, но моментот веќе беше снимен и стана вирален во светот.