Тешко се повреди и тоа додека се радуваше за освоениот медал (Видео)

Џудистот Адил Османов од Молдавија освои бронзен медал на Игрите во Париз, но неговото славје набрзо се претвори во болка.

Во борбата за медал, во категоријата до 73 килограми, Османов го победи Италијанецот Мануел Ломбардо. Откако заврши борбата, Османов почна да слави, мавтајќи со рацете.

Во еден момент, болен крик испушти џудистот кој славеше и се фати за раката. Се работи за повреда на раката, а лекарите веднаш реагираа, па Молдавецот смогна сили да се појави на доделувањето на медалите.

https://twitter.com/i/status/1817964179560734914

Златото во оваа категорија го освои Хидајат Хејданов од Азербејџан, откако во финалето го победи Жоан-Бенџамин Габе од Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести