Египетската натпреварувачка во мечување, Нада Хафез, го шокираше светот со својата објава на социјалните мрежи и информацијата дека на Летните олимписки игри во Париз настапила во седмиот месец од бременоста.
За неа ова беа трети Олимписки игри, откако претходно настапуваше и во Рио де Жанеиро и во Токио. Настапот во Париз го заврши во осминафиналето.
„Тоа што на вас ви се чини како двајца спортисти, всушност се три! Тоа бевме јас, мојата противничка и моето бебе, кое допрва ќе дојде на свет.“ – напиша натпреварувачката од Египет на социјалните мрежи.