Најдобриот ММА борец во моментов, Ислам Махачев, жестоко го критикуваше организаторот на Летните олимписки игри, поради скандалозната церемонија на отворањето. Критики стигнуваат од сите страни, а пред се тоа се однесува на сквернавењето на Христијанството.
Русинот од Дагестан јавно го критикуваше организаторот и вели дека токму скандалот на свеченото отворање го предомислило во намерата да присуствува на Олимпијадата во Париз.
„Олимписките игри во Париз се срамота и темна дамка на олимпиското движење. Треба да ги вратиме ОИ во Русија за сето ова да го поправиме.“ – напиша Махачев на социјалните мрежи.
Islam Makhachev bashes the "disgusting" Olympics opening ceremony:
"I watched some highlights of the Olympics opening ceremony. It was disgusting. This is disrespect for all religions, for all human values in general.
Honestly, I even planned to go to the Olympics but after… pic.twitter.com/dyDyE038sp
— Championship Rounds (@ChampRDS) July 28, 2024
Ислам Махачев имаше и телевизиско гостување, каде подетално ги објасни своите ставови.
„Да бидам искрен, погледав делови од церемонијата на отворањето и тоа беше одвратно. Изразија непочитување на сите религии и човечки вредности. Планирав да ги посетам Олимписките игри, но после она што го видов, не сакам да бидам таму. Русија знае како ваквите настани се организираат на вистинскиот начин. Ние ги негуваме човечките вредности и ги почитуваме сите спортови и спортисти. Она што го видовме во Париз нема никаква врска со спортот.“ – вели Махачев.