Данска со магичен финиш ја победи Шведска и направи „каша-попара“ во групата

Со серија од 4-0 во завршните две минути, женската ракометна репрезентација на Данска негативата од 21-23 ја претвори во победа од 25-23 против Шведска, и направи тотален хаос во нивната група во која сите се во игра за место во четвртфиналето, затоа што по две кола нема непоразени, а нема ни тим без победа.

Победа на Шведска ќе значеше сигурно четвртфинале за Швеѓанките, но вака сите опции се отворени и сите тимови во групата си имаат свои математики.

- Оглас -

Најнови вести