Ракометната репрезентација на Хрватска забележа значајна победа на Олимписките игри, откако ја совлада Германија со убедливи 31-26. „Коцкестите“ со тоа го презедоа врвот во групата „А“ и сигурно чекорат кон четвртфинале во Париз.
Хрватска во текот на целиот меч го контролираше резултатот, а на противникот му дозволи да има само едно водство и тоа во почетната фаза од мечот, кога германците водеа со 5-4. Во второто полувреме максималната разлика во корист на Хрватска достигна шест гола, а на крајот победија со пет разлика, предност што ја имаа во поголемиот дел од второто полувреме.
Норвешка останува единствената максимална селекција на машкиот олимписки ракометен турнир, откако со минимални 26-25 славеше над Унгарија, која останува на ефект од само една победа во Париз.