Шпанија го победи Бразил со 2-0 на женскиот фудбалски турнр на ЛОИ во Париз, што за Бразилките може да значи елиминација и ќе чекаат расплет во другите групи за да видат дали ќе се пробијат како една од најдобрите третопласирани.
Трагичарка на средбата е легендата Марта која има 201 меч за Бразил. Една од најголемите фудбалерки на сите времиња, во последните моменти од првото полувреме доби директен црвен картон за фаул над Олга Кармона. Со играч помалку на терен, Бразил загуби. Марта како да знаеше што следува после нејзиното исклучување и не можеше да ги запре солзите.
Бразил и да влезе во четвртфиналето, Марта нема да може да игра и ова за неа можеби беше последен олимписки меч, а одигра дури шест олимписки турнири.