Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати од подготовките во Словенија и ги финишира подготовките за новата сезона во Првата лига. „Освежени“ со нов спонзор и побогати за еден милион евра, вардарци доведоа неколку засилувања од странство. Покрај фудбалери, има засилувања и во стручниот штаб на Горазд Михајлов.
Двајца кондициски тренери од Аргентина се приклучија во работата на Вардар и во наредниот период ќе се грижат за добрата физичка подготовка на Црвено-црните.
Стручниот штаб на Вардар го засилија кондициските тренери Себастијан Пабло Пардеиро и Гонзало Перез Бацигалупо.
На стартот на сезоната Вардар го очекува гостување кај Брера во Струмица на 11 август.