Ракометната репрезентација на Франција важеше за голем фаворит за медал на Олимписките игри, меѓутоа на најголемата сцена никако да го покаже својот квалите.
Триколорите не победија и на третиот натпревар на ЛОИ во Париз, откако вечерва против Египет одиграа 26-26. Се спасија од пораз буквално во последната секунда со голот на Фабрегас.
Претходно, Франција загуби од Данска (29-37) и од Норвешка (22-27).
Египќаните одиграа одлично прво полувреме и на одмор заминаа со четири гола предност (15-11), а Французите спасуваа „жива глава“.
Египќанецот Омар беше најдобар стрелец на мечот со осум постигнати гола, кај Франција најефикасен беше Фабрегас со седум погодоци.