Младите кошаркари продолжуваат со максимален ефект, ја победија и Украина

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години со максимален ефект ја заокружи групната фаза на Европското првенство – Б дивизија, кое се одржува во Скопје откако во последниот меч славеа протиув Украина со 83-72.

Нашите млади кошаркари го контролираа резултатот во текот на целиот меч и заслужено стигнаа до триумф.

Најдобар стрелец на мечот беше Никола Јаничиќ со 21 поен, а Коста Ќириловски постигна 20 поени. Кај Украина, Сушкин имаше 20 поени зад своето име.

Кошаркарските јуниори во четвртфиналната пресметка ќе играат против Португалија в петок, од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести