Страстниот бакнеж на Макрон и министерката за спорт предизвика многу реакции: „Јас вака го бакнувам мојот маж“

Бакнежот на Емануел Макрон и француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера, на Олимписките игри во Париз беше повод за бројни коментари на социјалните мрежи.

Таа ја стави раката околу неговиот врат и страстно го бакна до увото.

Фотографиите први ги објави магазинот „Madame Figaro“, кој го нарече овој бакнеж чуден и ја обвини Амели дека со него се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон себе.

Корисниците на социјалните мрежи исто така ја осудија.

„Јас вака го бакнувам мојот сопруг. Срамно“, „Оваа фотографија ја сметам за непристојна. Не е достојна за претседател и министерка“, „Ужасно однесување. Како не и е срам?“, се некои од реакциите.

Амели порано професионално се занимавала со тенис. Веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста. Освен за бакнежот за кој многу се зборува, неодамна пливаше во реката Сена за да докаже дека таа е чиста и дека нема причина за страв од „ешерихија коли“.

Како што е познато, во неделата беше откажан триатлонот бидејќи квалитетот на водата не беше задоволителен. Амели од 2006 година е во брак со Фредерик Удеа, поранешен извршен директор на компанијата „Сосиете Женерал“ и сегашен претседател на одборот на „Санофи“. Имаат три деца.

Емануел Макрон во 2007 година се ожени со Брижит, која е 24 години повозрасна од него.

- Оглас -

Најнови вести