Натпреварот во триатлон на Олимписките игри во Париз денеска се одржа на реката Сена, иако таа е загадена и опасна по здравјето на спортистите.
До златото стигна Британецот Алекс Ји, а деветтопласираниот Канаѓанец Тајлер Миславчук беше снимен во ТВ пренос во живо како повраќа.
На Миславчук му беше лошо откако ја исплива својата делница на Сена, бидејќи натпреварувачите беа принудени да се натпреваруваат во загадената река.
„Не дојдов овде да бидам меѓу првите десетмина, но го дадов најдоброто од себе. Не се каам, иако повратив десетпати“, изјави Миславчук по трката.
Dopo il bagno nella Senna, ci sta una bella vomitata in mondovisione.
— Francesca Totolo (@fratotolo2) July 31, 2024
Il triatleta canadese Tyler Mislawchuk ha riferito di aver vomitato una decina di volte.#Triathlon #Paris2024 pic.twitter.com/KKC6U99ZYJ
Инаку, самите организатори пред денешниот натпревар рекоа дека натпреварувачите имаат 60 проценти шанси да ја испливаат зададената делница бидејќи водата во реката не е чиста.
Тоа го покажа тестот во вторникот наутро, но спортистите, сепак, мораа да пливаат во Сена.
„Да беше приоритет здравјето на спортистите, овој настан одамна ќе беше преместен на друга локација“, порача белгискиот натпреварувач Мартен ван Риел.