Гостивар го доведе Набил Дирар, фудбалерот со најголемо педигре што досега заиграл во првенството на Македонија

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар потпиша договор со мароканскиот интернационалец Набил Дирар. Тоа е фудбалерот со најголемо педигре што досега заиграл во македонското првенство, поранешен крилен напаѓач на Монако, Фенербахче и на Клуб Бриж.

Мароканскиот интернационалец (38) пет сезони играше за турскиот гигант Фенербахче, од 2012 до 2017 година, а беше дел од тимот и во дуелите против Вардар, во сезоната кога натрофејниот македонски клуб успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа.

Тој доаѓа од првенството на Луксембург каде настапуваше минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести