Кинезот Пан Жанле постави нов светски рекорд на 100 метри слободно

Кинескиот пливач Пан Жанле постави нов светски рекорд во трката на 100 метри слободно и на најдобар можен начин го заокружи денешниот ден во олимпискиот базен во Париз.

Тој ја декласира конкуренцијата и ја мина делницата за 46.40 секунди, подобрувајќи го претходното најдобро постигнување кое исто така беше во негова сопственост. Пан Жанле го подобри светскиот рекорд за цели 40 стотинки.

Второто место му припадна на Кајл Чалнерс од Австралија, со време 47.48 секунди, и само за една стотинка беше побрз од третопласираниот пливач, Романецот Давид Поповичи.

- Оглас -

Најнови вести