Ендрик со пораз од Милан дебитираше за Реал, Ливерпул го доби премиерлигашкото дерби (Видео)

Екипата на Реал Мадрид со пораз од Милан ја започна американската турнеја. Самуел Чуквуезе со гол во 56-тата минута го постави конечниот резултат, 1-0 за Милан, на мечот во Чикаго и го расипа дебито на новата ѕвезда на „кралевите“, Ендрик.

Ливерпул со 2-1 го победи Арсенал во премиерлигашкото дерби кое се одигра во Филаделфија. Мохамед Салах во 13-тата и Фабио Карваљо во 34-тата минута погодија за Ливерпул, додека конечните 2-1 ги постави Каи Хаверц во 40-тата минута.

Челзи покажа сила и со убедливи 3-0 ја совлада мексиканска Америка на мечот во Атланта. Нкунку од пенал го отвори резултатот уште во втората минута. На 2-0 зголеми Марк Гују во 21-вата, додека конечните 3-0 беа дело на Мадуеке од пенал во 79-тата минута.

Победа во САД забележа и екипата на Манчестер јунајтед, која со 3-2 го совлада Бетис на пријателски натпревар во Сан Диего. Екипата од Ла Лига поведе во 15-тата минута преку Лосада, но следуваше комплетен пресврт на „црвените ѓаволи“. Рашфорд во 18-тата, Диало во 24-тата и Каземиро во 31-вата погодуваа во мрежата на Бетис за водство на Манчестер јунајтед од 3-1. Конечните 3-2 ги постави Љоренте во 61-вата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести