Вистински подвиг направи женската фудбалска репрезентација на Канада, откако со казна од шест бода успеа да стигне до второто место во групата и да обезбеди пласман во четвртфиналето на Летните олимписки игри во Париз.
Канаѓанките беа казнети со одземање на шест бода поради шпионирање на тренингот на Нов Зеланд со дрон, но и покрај тоа со три победи над Франција, Колумбија и Нов Зеланд успеаја да дојдат до втората позиција. За пласман во четвртфиналето ја совладаа Колумбија со 1-0.
Противник на Канада во четвртфиналето ќе им биде селекцијата на Германија. Селекцијата од Северна Америка на овој турнир остана и без селектороката, Беј Присман, која е суспендирана на една година, бидејќи заедно со своите асистенти, Мандер и Ломбарди, го организирале шпионирањето на противникот.