Мурињо самоуверен како и секогаш: „Противникот немаше среќа во ждрепката“

Фенербахче со две победи успеа да го елиминира швајцарски Лугано во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, не беше се така лесно за избраниците на Жозе Мурињо на реваншот во Истанбул. Лугано поведе, па брзо ја надомести негативата од првиот меч, но следуваше пресврт на Фенербахче и пласман во следното коло, каде за противник ќе го имаат францускиот Лил.

После мечот, Мурињо расположен одговараше на новинарските прашања, но расположението му се промени кога еден од новинарите му рече дека турските екипи играат слабо против екипите од големите европски лиги.

„Лил воопшто немаше среќа во ждрепката бидејќи ќе игра против нас. Разбирам дека турските екипи имаат потешкотии против јаките екипи во Европа. Турските екипи мора да имаат и среќа во ждрепката, но во овој случај ова е лоша ждрепка за Лил бидејќи ќе мора да играат против Фенербахче“ – одговори Мурињо.

Португалецот постојано истакнува дека главната цел на екипата е пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, како и освојување на сите трофеи во Турција.

- Оглас -

Најнови вести