Португалската ѕвезда Луис Нани потпиша едногодишен договор со Естрела Амадора. За овој 37-годишен фудбалер се интересираше македонсиот прволигаш Гостивар, но на крај одлучи да игра во прволигаш од неговата родна земја.
Минатата сезона Нани настапуваше за Адана Демирспор. На 28 натпревари од турската Суперлига имаше 4 гола и 2 асистенции. Нани играше за Манчестер јунајтед од 2007-2014 година.