Нов бокс скандал, Италијанка се предаде после 46 секунди борба со маж

Италијанската боксерка Анџела Карини го заврши својот настап на Олимписките игри во 2024 година во осминафинале во кое мораше да се пресмета со алжирската репрезентативка Иман Келиф, која лани падна на тестот за пол.

Карини не можеше да ја издржи силата на ударите на противничката и се повлече од борбата која траеше само 46 секунди. По тепачката, Карини со солзи го напушти рингот.

По Светското првенство во 2023 година, Келиф беше подложена на тест за одредување пол и беше докажано дека има машки XY хромозоми, па беше дисквалификувана.

И покрај високите нивоа на тестостерон во прикажаните тестови, ИОК дозволи нивно учество, иако никогаш не се декларирале како трансродови.

- Оглас -

Најнови вести