Божем случајно, а всушност е намерно, Ѓоковиќ секогаш кога е на ТВ, го покажува крстот (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја користи секоја прилика кога дава интервјуа и знае дека го снимаат камерите, да ја покаже својата амајлија, крстот од Хиландар.

Српскиот ас постојано го прави истото кога даде изјава, односно ги истакнува крстовите. Ова доби огромен одзив и на социјалните мрежи, многумина сметаат дека тоа го прави од инает кон организаторите на Олимписките игри поради церемонијата на отворањето во која имаше сцени протолкувани како исмевање на „Тајната вечера“ и христијанството.

Вечерва Новак игра четвртфинале против Стефанос Циципас и тоа ќе му биде прв сериозен тест во Париз. Победа би го донела на чекор од медал, а пораз би значел дека кариерата ќе ја заврши без олимписко злато.

- Оглас -

Најнови вести