Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на олимпискиот турнир во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е прв полуфиналист на олимпискиот турнир во Париз. Тој успеа да го елиминира Американецот Томи Пол во два сета, но мора да се признае дека доби жесток отпор од ривалот.

Алкараз го доби првиот сет со 6-3 во гемови, но потоа Томи Пол заигра многу подобро. Американецот имаше предност од 4-1 во гемови во вториот сет, но и тоа не беше доволно за да го освои.

Алкараз израмни на 5-5, потоа сетот отиде во тај-брејк, а по голема борба му припадна на шпанскиот тенисер, на поени со 9-7.

- Оглас -

Најнови вести