Тие злато за Србија, а Србија за нив – по 200.000 евра!

Владата на Србија соопшти дека двајцата златни спортисти од Олимписките игри, Зорана Аруновиќ и Дамир Микец, како и нивниот тренер, Јелена Аруновиќ, ќе добијат награда од 200.000 евра.

Првото злато за нашиот северен сосед во Париз го донесоа стрелецот и стрелачката Дамир Микец и Зорана Аруновиќ, поради што беа соодветни наградени од владата на Србија.

„Владата на Србија додели парични награди од по 200.000 евра на репрезентативците во стрелаштво Дамир Микец и Зорана Аруновиќ за освоеното злато во мешаната конкуренција на Олимписките игри во Париз.

На денешната седница беа донесени решенија за доделување на национални спортски признанија и парични награди на спортистите Ива Обрадовиќ, Милорад Чавиќ и Јанко Типсаревиќ, кои се доделуваат на спортисти, државјани на Србија, во вид на доживотно месечно парично примање“, соопштија од владата на Србија.

- Оглас -

Најнови вести