Репрезентацијата на Србија во баскет три на три славеше во дуелот против Франција со 19:16, во рамките од четвртото коло. Франција добро започна и поведе со 4:5, а потоа и со 9:7. Србија израмни на 10:10.
Потоа следуваше клучните моменти на средбата. Србија со добра игра постигна четири поени во низа и стигна до 14:10, а потоа дуелот беше прекинат. Силен дожд заврна, а откако времето се смири, организаторот реши дуелот да продолжи.
Искусните српски баскеташи ја задржаа смиреноста и предноста, па прво имаа водство од 17:15, а на крајот победија со 19:16.
Лидер на табелата е Летонија која е единствена со перфектен биланс од три победи во три меча. Србија е втора со три победи и еден пораз, а по две победи и два порази имаат Литванија, Холандија, Полска и Франција.