Интернационалната боксерска асоцијација, ИБА, излезе со соопштение во кое потврди дека Имал Келиф и Лин Јутинг, по тестирањето, не ги исполниле потребните критериуми за да се натпреваруваат во женска категорија на нивните настани, и влегоа во клинч со ИОК каде имаат поинаков став и им дозволија да се појават на Игрите во Париз.
Но, од ИОК тврдат дека ова е политика против нив, претседателот на ИБА, Умар Кремлев е Русин, а Русија е исклучена од олимпиското движење поради агресија врз Украина, и го злоупотребувал случајот.
„Жената беше, е, и ќе биде засекогаш. Се шират дезинформации за Имане Келиф дека е трансродова личност! Тие операции се целосно забранети во Алжир“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Х.
Има и нов момент во случајот, Алжирци објавија фотографии наводно од Иман кога била дете, и доколку навистина е таа, тогаш се гледа дека е девојче.