Дербито меѓу Германија и Шпанија за Начевски и Николов

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, денеска ќе ја има третата задача на Олимписките игри во Париз.

За најдобрите судии редовно следи дерби натпревар, а Начевски и Николов ќе го судат мечот меѓу Германија и Шпанија од 16 часот.

Двете репрезентации досега имаат по две победи и еден пораз во групата А, а победникот ќе го потврди своето место во четвртфиналето на ракометниот олимписки турнир.

- Оглас -

Најнови вести