Де Хеа една година е без клуб, но бара плата од 5 милиони евра, тоа не им се допаѓа на заинтересираните клубови

Шпанскиот голман Давид де Хеа треба да се врати на фудбалот во овој преоден рок по едногодишната пауза што ја зема минатата година откако Манчестер Јунајтед не му го продолжи договорот. Засега е неизвесно дали тоа ќе се случи, бидејќи постави високи барања пред заинтересираните клубови, поради што некои се откажаа од неговиот ангажман.

Де Хеа помина 12 години во Манчестер Јунајтед, каде пристигна како 21-годишник од Атлетико Мадрид. Беше освојувач на Премиер лигата (2012/13), ФА купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17) и со гигантот од „Олд Трафорд“ славеше вкупно осум трофеи. Двапати беше прогласен за најдобар голман во Премиер лигата (2018 и 2023).

Еден од најдобрите голмани на генерацијата и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата на врвот на кариерата вредеше 70 милиони евра. За Јунајтед одигра 545 натпревари. Прими 590 гола, а 190 пати ја сочува мрежата недопрена.

Медиумите сшпекулираат дека Де Хеа има повеќе понуди и дека го бараат клубови од Англија, Турција и од Саудиска Арабија. Се пишуваше дека преговарал со некои шпански и италијански клубови, но дека Џенова и Фиорентина заклучиле дека е прескап.


Де Хеа по едногодишната пауза бара плата од пет милиони евра по сезона. Тоа е износ што би можел да го добие можеби единствено во Саудиска Арабија, конкретно во Ал-Наср, кој покажува интерес.

- Оглас -

Најнови вести